Дом за нега на стари лица "ЖАНА" - Неготино

Домот е лоциран во центарот на Македонија ,според многумина во еколошки најчистиот град Неготино. Започна со работа во јули 2000 година.Објектот има четири нивоа.
Неговата конструкцијата овозможува многу природна светлина во текот на денот.Имаме капацитет од 15 соби според европски и светски стандарди каде станарите на домот се чуствуваат задоволни и исполнети.

Собите се дво и трокреветни.Секој кревет е со медицински душеци и со механизам на подигање. Секоја соба има свој санитарен чвор и балкон.Објектот е снабден со соларен систем, резервоар за вода и парно греење.Домот располага со пространа дневна соба каде згрижените лица го поминуваат поголемиот дел од денот во зимскиот период , се дружат и забавуваат, додека пак во лето на располагање е прекрасно уредениот двор и свежиот воздух за дишење.

Домот поседува лифт преку кој што непокретните лицата со помош на мед.колички и помагала можат брзо и без потешкотии да бидат пренесени на четирите нивоа на домот како и во дворот.
Пералната овозможува секој дел од вашата гардероба да биде уреден, чист и испеглан.Нашата кујна функционира по принцип на оброк според вашата здравствена состојба. За добриот квалитетот и вкусот знаат само згрижените лица.Опремени сме со современи апарати за физикална терапија како и ортопедски помагала.

Дваесет и четири часовна медицинска нега и грижа, тим составен од искусни лекари, мед.сестри негователки како и физиотерапеут, кои се спремни во секое време да одговорат на вашите потреби и желби.За да нашите станари бидат комплетно здравствено згрижени ја спомнуваме и успешната соработка со специјалисти од сите дејности: интернист,невропсихијатар, физијатар, кардиолог, хирург итн.

Домот го менаџира фамилијата Илови кои се и сопственици на истиот. Долгодишното работно искуство во оваа област низ Европските земји пренесено на овие простори го создаде најврвното, го создаде домот "ЖАНА"

Дом "ЖАНА" е

Најдобриот Дом за згрижување на стари и изнеможтени лица којшто се наоѓа во Неготино.

Е-пошта
contact@domzana.com

Телефон
+38943365204

Веб сајт
www.domzana.com